Thursday, November 12, 2015

Загатка на неделата - 12.11.2015

Денес ви ја пставуваме следната загатка:




Поместете едно чкорче така да равенството биде точно. 

Ги очекуваме вашите решенија во коментар. 

Од сега, секоја недела на нашиот блог ќе се објавува Загатка на неделата, секоја недела различна задача, различна логика. Проверете се колку знаете и не заборавајте да ја следите и нашата ФБ група:



Sunday, June 7, 2015

Always together ♥

Епа дечки, конечно стигнавме и до тука ^_^




Пред се, сакаме да ви заблагодариме за вашата подршка <3 Нема да должиме, но многу ни е драго што се собравме олку многу :D Не сме замислувале дека еден ден групата толку ќе се активира и ќе има толку многу членови.. :* Гласно и јасно: ФАЛА ВИ НА СИТЕ :v 

Sunday, May 3, 2015

Вашиот личен број

Со собирање на цифрите на вашиот датум на раѓање добивате личен број кој многу прецизно ги опишува вашите карактерни особини.

На пример, личноста родена на 15.08.1955
1+5+8+1+9+5+5=34
3+4=7

Значење на броевите:

1- Еден

Вие сте личност која е секогаш на чекор пред времето. Создавач на нови идеи. Големите лидери биле родени во знакот на овој број. Едноставно, поседувате моќ на уверување. Амбициозни сте, можеби и помалку претерано, тешко се одрекувате од сопствените идеи, поради што наидувате на тешкотии во животот. Но, не се плашите од ништо.

2 - Два

Вие сте вистинска уметничка душа. Создадени за љубов, давање и делење. Поважна ви е суштината отколку формата. Доколку немате љубов, чувствувате дека немате ништо. Но, ретки се личностите родени во овој знак кои немаат љубов. Вашата внатрешност е толку привлечна што ретко некој ќе остане ладен. Можете да освоите кого ќе посакате.

3 - Три

Вие сте личност која цврсто стои на земја. Реално се согледувате самите себеси и светот околу вас. Не сте склони кон залажување на самите себеси и кон фантазирање. Вие сте добар пријател, на никому не сакате да му се „умилкувате“, иако тоа ве прави помалку цинични. Имате вистинска мерка кон се, што ви создава проблеми во односите со спротивниот пол. Не можете без љубов, но нема ни да трпите премногу поради некои возвишени чувства. Поради тоа, често сте несреќни.

4 - Четири

Снаодливи сте и практични. Не сте склони кон фантазирање, и точно знаете што сакате. Вие сте личност од доверба, и она што го ветувате, го исполнувате. Премногу сериозно го сфаќате животот, а некогаш поради тоа не си дозволувате да се забавувате. Истата одговорност ја очекувате од луѓето кои ве опкружуваат поради што често сте нетолерантни кон пријателите и партнерите.

5 - Пет

Имате одличен дух. Го имате сето она што една совршена личност треба да има. Забавни сте, интелигентни, ја цените љубовта, ги цените пријателите, голем оптимист сте.. Ако се сетите на било која позитивна особина, слободно додајте ја на списокот, бидејќи вие сигурно ја поседувате.

6 - Шест

Вие сте особено нежна личност. Чувствителни, полни со разбирање кон сите. Кревки сте и психички но и духовно. Лесно може да ве повредат. Имате уметничка душа, имате чувство за естетика и убавина, а и самите сте особено убави. Освојувате на прв поглед, а луѓето околу вас сакаат да ве запознаат уште повеќе.

7 - Седум

Вие сте особено мудра личност. Но и практични. За вас би се рекло дека поседувате практична интелигенција. Паметни сте, но знаете својата мудрост да ја искористите за добри цели. Често знаете да го искористите вашиот потенцијал за кој другите можат само да сонуваат. Често личностите родени под овој број се пророци, мистици, филозофи...

8 - Осум

Кај вас се има практична вредност, се работите во ваша корист. За вас и љубовта е корисна, па не влегувате во врска без размислување за користа која може да ви ја донесе. Исто така вашите пријатели се и вашите бизнис партнери, личности од кои би имале корист. Не сте негативна личност, само сте практични.

9 - Девет

Ако некому му треба совет за постапките, тогаш нека ви се обрати вас. Вие секогаш знаете што е правилно а што не. Почитта е вашата најголема доблест и темел на кој го градите вашиот живот. Имате и голем број други позитивни особини и вистинско богатство е човек да ве има во близина.

Saturday, May 2, 2015

Една супер игричка за вас :D

Покрај многуте математички игри на интернет, денес ние ви ја препорачуваме супер математичката трка со автомобиле:
http://www.mathplayground.com/ASB_Speedway.html
Играта е многу интересна, а и забавна <3 Со малку знаење за дропки, победете ги сите и расчистете го патот пред вас ^_^
Во коментар напишете ги вашите постигнати резултати, а набрзо следат уште многу други математички игри

НАШ ПРЕДЛОГ - ВАШ ИЗБОР

Tuesday, April 28, 2015

Aww ^_^

Па како за почеток, ви благодариме што заедно се дружиме, се забавуваме, другаруваме сите заедно. Се надеваме дека на сите ни е многу мило заедно. Забавата тука не престанува, секогаш има уште и уште...

1.000 члена 
2.000 члена 
3.000 члена 
4.000 члена 
Next Goal: 5.000 члена 



ЗАЕДНО МОЖЕМЕ СЕ, како и до сега, така и натака...НЕ СЕ ОТКАЖУВАМЕ

AdminTeam <3



Friday, April 3, 2015

Mathematical Madhouse


МАТЕМАТИЧКИ ТРИКОВИ

Во овој број на Mαthemαticαl Mαdhouse дознаваме како може лесно да ни помогнат нашите раце да множиме со 6, 7, 8 и 9.
Погледнете ја следната слики и научите! ;)

Се надевевам дека сега, откако ја погледнавте сликата свативте како се прави тоа. 
КРАТКО ОБЈАСНУВАЊЕ: 
Ги нумерираме петте прсти од двете раце како што е покажано на сликата. Ги допираме двата прста кои сакаме да ги помножиме. Останатите прсти кои се над овие два прста од левата рака ги множиме со останатите прсти над овие два прста од десната рака. Тоа ни е цифрата на единиците. Овие два прста заедно со прстите под нив ги собираме и ќе ја добиеме цифрата на десетките. 
Јас ја разгледав сликата, пробав и научив!
Направете го истото и вие. Верувајте ми дека многу ќе ви користи!

ИСТОРИСКИ МАТЕМАТИЧАР

Во овој број ќе дознаеме кој е Џон Вен и што бил тој. Прочитајте ги следните неколку факти за него и научете кој всушност е Џон.


- Неговото целосно име е Џон Арчибал Вен.
- Роден е на 4 август, 1834 година во Јоркшир, а умрел на 4 април 1923 година во Кембриџ.
- Џон бил англиски логичар и филозоф.
- Тој е познат по тоа што го измислил дијаграмот за претставување на множевствата, кај нас познат како Венов Дијаграм.
- Исто така Џон направил значаен придонес во сиболичката логика (математичката логика) и теоријата на веројатноста.

ДОЗНАВАМЕ НЕШТО +

Денес ќе зборуваме за „Архимедовиот стомакион“. Па ајде да видиме што ќе научиме +

Во 1941-та, математичарот Г.Х. Харди напиша дека "Архимед ќе се памети а драмскиот писател Есхил ќе се заборави, бидејќи јазиците изумираат а математичките идеи живеат вечно." И навистина, старогрчкиот математичар се смета за еден од најголемите научници во антиката. Во 2002-та, математичкиот историчар, Ревиел Нец, на поинаков начин ја виде архимедовата работа со сложувалки, позната како "Стомакион." 
Проучувајќи ги древните списи, Нец сфати дека загатката спаѓа во комбинаторика, математичка гранка која што проучува на колку начини еден проблем може да се реши. Задачата на "стомакионот" е да се одреди на колку начини можат да се спојат 14 облици од сложувалка, така што ќе добиете квадрат. Во 2003-та математичарите го најдоа решението: 17.152 начини.




МАТЕМАТИЧКИ ФАКТИ

Во овој број се запознаваме со следниот факт:
„Има толку парни броеви колку што има и природни броеви.“
Wow :o Тоа навистина е вистинито, колку и да звучи невозмжно.
Како?
Парни броеви се 2, 4, 6, 8, 10... Но овие бреви не се единствените парни броеви кои постојат. Исто така, и нивните спротивни броеви -2, -4, -6, -8, -10... се парни бреви. Значи тука влегуваат пола од позитивните како и пола од негативните броеви. Што значи, дека оваа група е 2/4 од вкупните броеви. Но што е со природните броеви?
Природните броеви се всушност позитивните броеви, како што се 1, 2, 3, 4, 5,... Оваа група броеви е 1/2 од вкупно сите броеви. Рековме дека парните броеви се 2/4 од вкупните броеви. Би требало веќе да ни е познато дека 2/4=1/2, па значи, има еднаков број на парни и природни броеви.


МАТЕМАТИЧКИ СМЕШКИ

За овој број спремив еден навистина интересен виц. Се надевам дека сите ќе го разберете.
Појаснување: Равенка е броен израз со едно непознато. 
(за тие што незнаат)

Попладне е. Часовите уште траат. Плавуша е на училиште. Моментално има час по математика. Наставникот на таблата запишува една равенка: х+2=8 и прашува:
„Па ученици, кој ќе го најде х?“
„Јас, јас, јас“ - свика одеднаш плавуша
„Ох, супер! Ајде плавуша, повели на табла“
Плавуша стана од свето место и се упати кон таблата. Ја крена раката и почна да покажува со прстот на она место каде што наставникот веќе го напишал х.
„Еве го, еве го, еве го...“ - свика плавуша

Па дечки, се надевам дека го свативте вицот. Наставникот всушност барал кој ќе го најде решението на х, т.е. кој број е х, но сепак, тој одлучно си се изразил. Плавуша, како плавуша...помислила дека треба да го покаже х на местот каде што е напишан. 
Сепак, не мора да значи дека сите плавуши грешат. Најчесто, тоа е само во вицовите.

ПРИКАЗНА ЗА БРОЕВИТЕ

Можеме ли да замислиме колку е голем бројот 1.000.000? Wow, па тоа навистина е многу голем број, иако зафаќа многу малку место. Прочитајте ја следната приказна и размислете добро колкав е голем овој број.

Замислете една колона од ученици застанати еден зад друг. Да речеме дека секој два ученика зафаќаат по 1 метро. Значи, сите вкупно зафаќаат околу 500 километри. Охоо, па тоа е редица долга отприлика од Охрид до Београд. Кога би го поминувале ова растојание со автомобил, со нормална брзина би ви требало околу 7-8 часа за да стигните до целта. 

Ќе речете не е можно да е толкав број, но ете, толкав е. Успеавте да замислите? 

ЗАГАТКА

И за крај, една мала релаксација. Превземете ја следната слика и обидете се да го решите ова судоку, а вашите решенија испратете ми ги на chat. 



Ве сака, админката Тиna ♥









Sunday, March 15, 2015

Известување

Де4ки, денојве...(денес, утре) ќе избираме неколку нови админи ;) Затоа:

- Бидете активни
- Додавајте членови

И ве молам НЕ ОБЈАВУВАЈТЕ НИКАКВИ ОБЈАВИ ШТО НЕМААТ ВРСКА СО МАТЕМАТИКА :( Во спртивно ќе бидеме принудени да ве отстраниме од групата, а ние не би сакале да дојде до тоа :(
-Прво има опомена, а потоа следува бришење додека не почуете :/

За било каква неправилност што ќе забележите, известетене мене, Сани или на Теа на chatt, а најдобро е да направите групен chatt каде ќе можеме сите три да сватиме во што е проблемт истовремено и поедноставно... ;)

Тиnα ♥

Де4ки, ве молам дај престанете со тоа РЕКЛАМИРАЊЕ страни :/ Па ако не ви чинит името на групата, слободно кажете...лесно е да се смени xD Одма ќе напишам „Реклами“ -_- Па вие потполно со тие линкови од стр. ја уништувате групата :( Па добро ли е тоа? Еве сами кажете...

Тиnα ♥

Wednesday, March 11, 2015

Математиката и вие ◘


Ви благодариме на сите вас што сте со нас ^_^ Не можеме да направиме ништо посебно за вас, но мислам дека можеме да ви помогнеме барем малку за нешто <3 Но пред се, тука не сме за да учиме и да пукаме гла, туку оваа група е направена најпрво пред се за да се ралаксираме и да се одмориме, да се забавуваме, да другаруваме со лесни и забавни задачи ;) Задачи, задачи, задачи...знам дека на повеќе од вас тие ви се најголемиот непријател, сепак за мене тоа е обратно <3 Кога математиката ќе ја погледнеме од подруга страна, ќе забележеме дека таа е многу интересна и забавна :) Иако повеќето од вас го мислат спротивното, тука сите заедно ќе докажеме дека не е така, туку вака <3 Тука сите сме во една голема математичка, забавна авантура =D И сеуште не е КРАЈ, ќе се множиме и ќе се множиме...со нас ќе ги повикаме сите наши другари, сестри, браќа...на сите ќе им покажеме колку може да биде забавна математиката <3

СИТЕ ЗАЕДНО ДА ДРУГАРУВАМЕ, ДА ПЕЕМЕ, ДА ИГРАМЕ
ПЕСНИ, СКАЗНИ ЗА МАТЕМАТИКАТА ДА РАСКАЖУВАМЕ

И секогаш запамтете, колку и да сакате да не верувате во забавата која ни ја пружи математиката, таа секогаш ќе е покрај нас, утре што и да правиме, каде и да сме и сл. таа ќе е покрај нас, ќе ни требаат нејзините знаења за да направиме чекор кон судбината

ВЕ САКАМЕ СИТЕ :*

Главни админки:
- Теа Јаквческа
- Сани Владева
- Христина Тина Митреска