Sunday, May 3, 2015

Вашиот личен број

Со собирање на цифрите на вашиот датум на раѓање добивате личен број кој многу прецизно ги опишува вашите карактерни особини.

На пример, личноста родена на 15.08.1955
1+5+8+1+9+5+5=34
3+4=7

Значење на броевите:

1- Еден

Вие сте личност која е секогаш на чекор пред времето. Создавач на нови идеи. Големите лидери биле родени во знакот на овој број. Едноставно, поседувате моќ на уверување. Амбициозни сте, можеби и помалку претерано, тешко се одрекувате од сопствените идеи, поради што наидувате на тешкотии во животот. Но, не се плашите од ништо.

2 - Два

Вие сте вистинска уметничка душа. Создадени за љубов, давање и делење. Поважна ви е суштината отколку формата. Доколку немате љубов, чувствувате дека немате ништо. Но, ретки се личностите родени во овој знак кои немаат љубов. Вашата внатрешност е толку привлечна што ретко некој ќе остане ладен. Можете да освоите кого ќе посакате.

3 - Три

Вие сте личност која цврсто стои на земја. Реално се согледувате самите себеси и светот околу вас. Не сте склони кон залажување на самите себеси и кон фантазирање. Вие сте добар пријател, на никому не сакате да му се „умилкувате“, иако тоа ве прави помалку цинични. Имате вистинска мерка кон се, што ви создава проблеми во односите со спротивниот пол. Не можете без љубов, но нема ни да трпите премногу поради некои возвишени чувства. Поради тоа, често сте несреќни.

4 - Четири

Снаодливи сте и практични. Не сте склони кон фантазирање, и точно знаете што сакате. Вие сте личност од доверба, и она што го ветувате, го исполнувате. Премногу сериозно го сфаќате животот, а некогаш поради тоа не си дозволувате да се забавувате. Истата одговорност ја очекувате од луѓето кои ве опкружуваат поради што често сте нетолерантни кон пријателите и партнерите.

5 - Пет

Имате одличен дух. Го имате сето она што една совршена личност треба да има. Забавни сте, интелигентни, ја цените љубовта, ги цените пријателите, голем оптимист сте.. Ако се сетите на било која позитивна особина, слободно додајте ја на списокот, бидејќи вие сигурно ја поседувате.

6 - Шест

Вие сте особено нежна личност. Чувствителни, полни со разбирање кон сите. Кревки сте и психички но и духовно. Лесно може да ве повредат. Имате уметничка душа, имате чувство за естетика и убавина, а и самите сте особено убави. Освојувате на прв поглед, а луѓето околу вас сакаат да ве запознаат уште повеќе.

7 - Седум

Вие сте особено мудра личност. Но и практични. За вас би се рекло дека поседувате практична интелигенција. Паметни сте, но знаете својата мудрост да ја искористите за добри цели. Често знаете да го искористите вашиот потенцијал за кој другите можат само да сонуваат. Често личностите родени под овој број се пророци, мистици, филозофи...

8 - Осум

Кај вас се има практична вредност, се работите во ваша корист. За вас и љубовта е корисна, па не влегувате во врска без размислување за користа која може да ви ја донесе. Исто така вашите пријатели се и вашите бизнис партнери, личности од кои би имале корист. Не сте негативна личност, само сте практични.

9 - Девет

Ако некому му треба совет за постапките, тогаш нека ви се обрати вас. Вие секогаш знаете што е правилно а што не. Почитта е вашата најголема доблест и темел на кој го градите вашиот живот. Имате и голем број други позитивни особини и вистинско богатство е човек да ве има во близина.