Wednesday, January 14, 2015

*Гатанки*

*Еве ги решенијата 

1.Ако сум мала, ама цело село го облекувам.
 Што сум јас?
 (Игла)

2.Бела рада по рид пасе.
 (Магла)

3.Бел пес на ќерамиди лежи.
 (Снег)

4.Да е човек, не е човек,
 а со човек зборува.
 (Книга)

5.Долга Неда, сенка нема.
 (Пат)

6.Долг Тодор без коски.
 (Чад)

7.Една тиква со седум дупки.
 (Глава)

8.Жена не е и пак ткае,
 жици фрла несукани
 и со раце и со нозе.
 (Пајак)

9.Заби нема и пак каса.
 (Студ)

10.Ни предено ни ткаено и
 пак е платно копринено.
 (Пајакова мрежа)

11.Од едно огниште цел свет се грее.
 (Сонце)

12.По поле оди и олеле вика.
 (Ѕвонче)

13.Си имав една воденица
 со триесет и два камења.
 (Уста)

14.Си имав една невеста,
 кој ја виде, ја бакна.
 И јас ја видов и јас ја бакнав.
 (Стомна)

15.Студена змија на гуша виси.
 (Ѓердан)

16.Колку е повалкана
 се повеќе е бела,
 кога ќе ја избришеш,
 во црно е цела.
 (Училишна табла)

17.Тој е многу силен маж,
 има раце здрави,
 со вар и со тули –
 тој куќи ни прави.
 (Ѕидар)

18.На кутија личи,
 а кутија не е,
 своја уста нема,
 со туѓите пее.
 (Радио)

19.Крила има – птица не е,
 како птица лета.
 Дење, ноќе може мирно
 низ облаци да шета.
 (Авион)

20.Има долги уши,
 грицка зелка, круши,
 не е волк, ни пајак –
 туку страшлив з…
 (Зајак)

21.Тргнал Петко
 на гости ќе оди
 три дни оди
 и куќа си води.
 (Полжав)